13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Путин нареди: Не апсете, убивајте!

Рускиот претседател Владимир Путин изјавил дека и наредил на Сојузната безбедносна служба да се однесува во склад со законот при апсење на кримналци.

Тој додал дека во случај да бидат загрозени животите на претставниците на законот, криминалците не треба да бидат уапсени, туку застрелани на лице место.

„Беше извршен терористички напад во Санкт Петербург. Му дадов инструкции на директорот на ФСБ да се однесуваат исклучиво во склад со законот кога постапуваат со терористи и да ги апсат. Меѓутоа, доколку се појави опасност по животите и здравјето на нашите вработени, нашите официри, да се однесуваат одлучно, односно никој да не се апси, туку напаѓачот да се елиминира на лице место“, рекол Путин.

Тој додал дека ФСБ неодамна спречиле уште терористички напади.

Спонзорирано: