6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Над 50 семејства од Кисела Вода добија ваучери за новороденчиња

Предновогодишно, 58 семејства од Општина Кисела Вода добија ваучери за своите новороденчиња.

„Оваа локална самоуправа и во 2018 продолжува со доделувањето еднократна парична помош за новородените жители на своја територија. Се работи за средства во висина од 6000 денари кои треба да им се најдат на родителите за првите потреби кои доаѓаат заедно со новороденчето“, велат од Општината.

Проектот од социјалната сфера ги опфаќа семејствата кај кои двата родитела се со живеалиште на територија на Општина Кисела Вода, или едниот, во случај на самохран родител. Тие заедно со барањето треба да достават на увид важечки лични карти или други исправи за лична идентификација, извод од матична книга на родените за новороденчето, како и фотокопија од трансакциска сметка.

Рокот за поднесување на барањата е 90 дена, од моментот на раѓање на детето.

Спонзорирано: