6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

„Епл“ се извини поради забавените ајфони и понуди поевтини батерии

Јавните извинувања не се нешто по што е позната компанијата „Епл“, но технолошкиот гигант овој пат им се извини на потрошувачите во врска аферата поради која веќе му се заканува колективна тужба.

Како што призна и самата компанија, софтверските ажурирања ги правеле побавни постарите ајфон модели со цел да не се оптоваруваат нивните дотрајани батерии, но за тоа воопшто не биле информирани корисниците, се додека некои од нив не се сфатиле дека со замена на батериите нивните постари телефони повторно се враќаат во нормална брзина.

Како што се наведува во тужбите поднесени во американските судови, „Епл“ на некој начин ја прикривал вистината од корисниците на ајфон модели со тоа што не ги информирал дека новите ажурирања ќе влијаат врз работата на уредите, со цел да се ублажи проблемот со искористените батерии. Оштетените клиенти сметаат дека со тоа некои од сопствениците на постри ајфон модели во изминатата година биле принудени да купат нов уред, бидејќи не знаеле дека има и поевтино решение проблемот, односно набавка на нова батерија.

Затоа, како што велат критичарите, ова извинување од страна на „Епл“ и намалување на цената на новите батерии е нешто на кое компанијата едноставно била принудена, со цел да ги санира евентуалните поголеми штети. Следната година, се вели во соопштението на компанијата, корисниците ќе бидат во можност да ги заменат батериите по цена од 29, наместо од 79 долари, колку што досега изнесуваа трошоците за замена. Исто така, за почетокот на следната година се најавува ново ажурирање на оперативниот систем iOS кој на корисниците „ќе им дава подобар увид во состојбата на батеријата, со цел да можат самите да утврдат дали истата влијае врз перформансите на телефонот“.

Инаку, еве што конкретно вели „Епл“ во врска со своето необично, иако за некои и недоволно искрено извинување:

„Свесни сме за реакциите на нашите корисници во врска со начинот на кој го решававме проблемот со перформансите на ајфон уредите со постари батерии и начинот на нашата комуникација при тој процес. Знаеме дека некои од вас се чувствуваат измамени од страна на „Епл“. Се извинуваме поради тоа. Имаше многу недоразбирања во врска со овој проблем, па затоа сега сакаме да ве запознаеме и да ги разјасниме промените на кои работиме“.

Спонзорирано: