13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Град Скопје го укина бесплатниот градски превоз

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради намалените вредности на загадувачките материи во воздухот, се укинуваат вонредните мерки и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени завчера.

Со тоа, од денеска се укинува и бесплатниот превоз во автобусите на јавниот градски превоз, кој ќе се наплаќа според постојната тарифа. Граѓаните на Скопје се возеа бесплатно од средата во вечерните часови до четвртокот вечерта.

Вонредните мерки и препораки Градот Скопје ги воведе по добиеното соопштение од Министерството за животна средина и просторно планирање дека праговите на алармирање на ПМ 10 (200 µг/м3 во 2 едноподруго дена на две мерни станици и прогноза за стабилна временска состојба) беа надминати на 25 и 26 декември 2017 година.

Од Град Скопје информираат дека овие мерки и препораки ќе се воведат повторно доколку се повтори епизодата со загадувањето на воздухот, а за што граѓаните ќе бидат навреме информирани.

И покрај расчистувањето на воздухот поради појавата на ветер и дожд, Градот Скопје апелира до граѓаните да не ги користат возилата без потреба, повеќе лица да се возат во едно возило, да се користи јавниот превоз, за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ-амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал, да се користи суво и чисто дрво, без примеси од земја и отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот.

Спонзорирано: