17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Турција: Илјада лажно обвинети би можеле да излезат на слобода

Околу 1.000 луѓе во Турција би можеле да бидат ослободени од затвор кога се утврдило дека биле лажно обвинети за врски со Фетулах Ѓулен.

Главниот обвинител во Анкара, Јуксел Кочман, изјави дека Ѓуленовото движење развило програма со која и недолжни луѓе биле насочени на шифрираната апликација „Бајлок“, која следбениците на Ѓулен ја користеле за тајна комуникација.

Обвинителите ја сметаа употребата на апликацијата како доказ за членство во Ѓуленовото движење.

Кочаман вели дека оваа програма ја разбила мрежата на Ѓулен со цел да им оневозможи на властите да им влезат во трага на вистинските корисници на апликацијата „Бајлок“.

Обвинителот најави дека ќе се преиспитаат правните случаи против 11.480 лица бидејќи било утврдено дека тие биле пренасочени на оваа апликација без свое знаење.

Анкара го смета Ѓулен за одговорен за обидот за пуч што се случи лани.