21.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Албанија ќе му помогне на Косово да добие војска

Началникот на Генералштабот на албанската војска, Бардил Колчаку, изјави од Приштина дека Тирана ќе помогне за трансформација на косовските безбедносни сили во вооружени сили.

Тој рече дека тоа ќе биде направено во согласност со уставните промени и соработката со меѓународните партнери.

„Одлучни сме да ја продлабочиме соработката во областа на обуката не занемарувајќи ја притоа можноста КБС да стане дел од НАТО за да се осигура регионалната безбедност“, изјави Колчаку.

Весникот „Коха“ пренесува дека Колчаку бил воодушевен од од она што го видел при обиколката на Косовските безбедносни сили.

Спонзорирано: