8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Заев: Ако некој добива плата, мора да доаѓа на работа

Првиот човек на Владата, Зоран Заев, изјави дека нема да биде отпуштен никој што чесно си ја заработува платата и посочи дека сите треба редовно да доаѓаат на работа.

Заев беше запрашан дали и зошто од Владата се отпуштаат Роми, кои претходно биле вработени, на што одговори дека има само предлози за отказни решенија. Тој најави дека ќе оствари средба со нив по Нова година, со цел да им објасни дека доколку некој не се појави три последователни дена на работа, законски му следува отказ.

„Лично ќе им кажам на луѓето дека ако земаат плата, мора да доаѓаат на работа. Јас граѓаните не ги делам на Македонци, Роми, Албанци и Турци. Сите мора да доаѓаат на работа и чесно да си ја извршуваат работата за која граѓаните преку даноците ги плаќаат“, истакна Заев.