7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Зоран Заев и Владата работат турбо – еве какви мерки соопштија

Претседателот на Владата на Зоран Заев и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев заедно ги презентираа мерките од Планот за економски раст, усвоени на една од последите Владини седници.

Заев истакна дека по 3 месечна конструктивна дебата, во која учествувале сите чинители во економските политики, конструирани се мерки кои ќе овозможат финансиска стабилизација и ќе ја раздвижат економската инвестициска активност во Република Македонија.

Тој дополни дека Владата наменила 46% повеќе средства во буџетот за 2018 година за Програмата за економски развој во однос на 2017 година и потенцираше дека со имплементација на мерките од Планот, проектираниот раст од 3,2 % за 2018 година е реален и остварлив.

„Со Планот за економски раст се нудат исти, транспарентни услови за домашните и странските инвеститори. Ќе работиме на подигнување на соработката помеѓу домашните и странските инвеститори и тоа на два начини, преку поттикнување на странските инвеститори да соработуваат со домашните и поддршка на домашните да бидат квалитетни добавувачи за странските. Малите и средните претпријатија ќе бидат во фокусот на поддршката. Со мерките ќе даваме поддршка за исплата на повисоки плати за вработените и ќеподдржуваме отворање на нови работни места со што ќе влијаеме на намалување на невработеноста. За прв пат во Македонија се дава поддршка за отворање на центри за технолошки развој и иновации, со што сакаме да го поттикнеме технолошкиот развој на компаниите. Успехот на економијата ќе се темели на токму на воведување на нови технологии и иновации. Сите овие мерки ќе придонесат за пораст на конкурентноста на македонските компании во регионот, во Европа и во светот“, потенцираше премиерот.

Вицепремиерот Анѓушев истакна дека е многу задоволен што мерките се продукт на еден инклузивен процес во кој што освен Владата, учествувале и експертската и меѓународна јавност, како и стопанството.

„Планот за економски раст се состои од мерки поделени во три столба: мерки за општ економски развој, мерки за поддршка на конкурентноста и мерки за поддршка на мали и средни претпријатија. Главни предуслови за сите мерки кои компаниите треба да ги исполнат е да прикажат пораст на приходите во последната година во однос на просекот во последните три години и ненамалување на просечниот број на вработени во истиот период“, рече вицепремиерот.

Со мерките од првиот столб се овозможува поддршка за креирање на нови работни места, воспоставување и унапредување на соработката со добавувачи, воспоставување на центри за технолошки развој и истражување, нови инвестициски проекти, капитални инвестиции и приходи, како и за откуп на средства од претпријатија во потешкотии.

„За секое новокреирано работно место за кое компаниите ќе исплаќаат нето плата за 50% повисока од минималната плата утврдена со Закон, Владата ќе обезбеди поддршка од 20% од висината на платата. Ќе ја стимулираме соработката со добавувачи од Република Македонија и доколку компанија набавува 15% производствени инпути од макеоднски компании, ќе добие финансиска поддршка во висина од 1% од вкупните набавки. Ќе се стимулира технолошкиот развој со поддршка до 50% од инвестиции за индустриско истражување. За компании кои реализираат почетни или дополнителни инвестиции ќе се овозможи поддршка од 10% од висината на инвестицијата, а 10% поддршка ќе се обезебдат и доколку се реализира инвестиција со која ќе се заврши откуп на средства на претпријатие во стечај или ликвидација “, појасни Анѓушев.

Со вториот столб се поддржува конкурентноста на компаниите за освојување на нови пазари додека со мерките од третиот столб се поддржуваат микро, малите и средни пртпријатија.

„За инвестиции со кои се зголемува конкурентноста на компаниите на нови пазари ќе се овозможи поддршка во висина од 10% за направената инвестиција со која е направена пазарна реализација која е за 5% повиска во однос на просекот во последните 3 години, а доколку конкурентноста се зголемува на пазарите на земјите од Западен Балкан, поддршката се зголемува за дополнителни 10% Петте мерки од третиот столб се исклучиво наменети за малите и средни претпријатија и ќе се реализираат преку два јавни повици во фискалната година, со прецизни критериуми и до исцрпување на средствата наменети за таа фискална година “, дополни вицепремиерот.

Анѓушев истакна дека со новите мерки се дава уште посилна поддршка за странските инвеститори, а пред присутните презентираше симулација односно споредба колкава поддршка добиваат старнските компании кои веќе имаат склучено договори за државна помош, а колкава поддршка би добиле доколку би ги користеле мерките од Планот за економски раст. Според симулацијата осуманесет од дваесет и една компанија кои веќе имаат договори, би добиле повисока поддршка, а ефектите за економијата би биле значително повисоки.

Спонзорирано: