3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Времето готви ново изненадување пред Нова година – еве што прогнозираат синоптичарите

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, додека во западните делови ќе се задржи умерено до значително облачно време, а во вечерните и ноќните часови ќе има појава на локален дожд. Претпладне, по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 7 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно, претпладне со појава на магла. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 7 степени.

Утре под влијание на влажен бран времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на високите планини од снег. Врнежите ќе почнат во западните делови каде ќе бидат поинтензивни (локално околу 20 л/м2), а до крајот на денот ќе се прошират во поголем дел од земјава. Ќе дува засилен јужен ветер. В петок ќе има слаб локален дожд, а слаб снег ќе има и на повисоките места во западните делови. Во деновите од викендот, како и за време на новогодишната ноќ се очекува стабилно, суво, релативно студено и ветровито време.

Спонзорирано: