14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Владата ги активира итните мерки против загадувањето на воздухот

Владата препорачува интервентни мерки против загадувањето на воздухот бидејќи на 2 мерни станици во градот два дена по ред било регистрирано загадување на воздухот кое го надминува дневниот лимит, истакна портпаролот Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција. Меѓу препораките се оние да се намали цената на градскиот превоз или истиот да биде бесплатен, да се ослободат од работа бреемените жени, да се мијат улиците итн.

Како што пред извесно време утврди интервентната акциска група на Владата, доколку среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките е над прагот во текот на два дена (надминување на вредноста од 200 mg/m3 во текот на два последователни денови) и доколку праговите се измерени на најмалку две мерни станици во градот Скопје, односно на 50% од бројот на поставени станици во кое било населено место, стапуваат на сила следните мерки:

Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за здравство се должни да:

– Препорачаат на сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.
– Препорачаат на сите работодавци да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.
– Препорачаат да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.
– Обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.

Владата треба да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила. Исто така, треба да се обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.

Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување бездомници и да им се даде поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.

Министерството за здравство, пак, треба да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа сè до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.

Државниот инспекторат за животна средина треба да почне со вршење зачестена контрола на инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави препорака до инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите коишто произведуваат топлинска или електрична енергија.

Спонзорирано: