3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Обама предупреди за неодговорната употреба на социјалните медиуми

Поранешниот американски претседател Барак Обама предупреди за неодговорната употреба на социјалните медиуми и нагласи дека ваквите акции го нарушуваат разбирањето на сложените прашања на луѓето и ширењето дезинформации.

Водител на разговорот со Обама беше британскиот принц Хари, на програмата на Би-би-си радио 4, кој е еден од неколкуте истакнати личности кои ја уредуваат програмата на радио за време на Божик.

Обама рече дека оние на позиции на моќ треба да бидат внимателни кога објавуваат пораки, предупредувајќи дека социјалните медиуми го искривуваат граѓанскиот дискурс.

Тој изрази загриженост во врска со иднината каде што фактите се отфрлаат, а луѓето само читаат и слушаат работи кои само ги зајакнуваат нивните ставови.

„Прашањето е поврзано со тоа како ја користиме оваа технологија на начин кој овозможува разновидност на гласови, дозволува разновидност на ставови, но не води до балканизација на општеството и им овозможува да пронајдат заеднички јазик”, рече тој. .

Трамп е обвинет за претерано користење на „Твитер“, иако тој тврди дека „Твитерот“ му дозволува да се поврзе директно со американскиот народ.