14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерство за здравство: Дијабетичарите да бидат спокојни, инсулин има

Министерството за здравство денеска реагира преку соопштение во кое ја информира јавноста дека во земјата не постои инсулинска криза.

„Во однос на написите во неколку медиуми, Министерството за здравство ја информира јавноста дека во Република Македонија нема инсулинска криза. Министерството ги уверува болните од дијабетес кои имаат потреба од инсулин дека може да бидат спокојни бидејќи обезбедени се доволни количества преку донација од компанијата производител“, стои во соопштението.

Оттаму потенцираат дека проблемот што го имале неодамна бил причина Министерството да почне со изработка на ново законско решение и системско решавање на овој проблем, со кој во иднина ќе се спречи појавата на слични проблеми бидејќи не смее да биде загрозено здравјето на ниеден поединец.

Реакцијата на Министерството следува по соопштението од здружението на лицата со дијабетес „Шеќерче – Лолипоп“ од Велес, од каде што во отворено писмо до премиерот Заев побараа лично да се ангажира да се реши кризата со недостиг на инсулин. Во писмото беше наведено дека ситуацијата е повеќе од сериозна бидејќи речиси цел месец нема инсулин.

Спонзорирано: