14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Алаѓозовски: Ќе се расчиси со поделбите во културата

Првичните проценки се дека состојбата во културата е очајна.

„Нема да кажам ништо ново и не би сакал да звучи како оправдување доколку констатирам дека речиси сите параметри и податоци до кои дојдовме укажуваат дека состојбата во сферата на културата во секој поглед е очајна и дека ќе ни требаат натчовечки напори за да тргнеме по патот на закрепнувањето и напредокот. Ќе ни требаат натчовечки напори за да тргнеме по патот на закрепнување и напредок“, рече Алаѓозовски.

Во минативе месеци, истакна Алаѓозовски, се обиделе да одговорат на многу прашања што ја нарушија културната слика во државата и создадоа поделби наместо обединување, што е основна цел на уметноста.

„Како да ја заживееме и модернизираме институционалната култура? Како да ѝ дадеме поддршка на независната сцена која беше со години запоставувана и маргинализирана? Како да ги унапредуваме вештините на нашите културни работници за да бидеме компетитивни на меѓународната културна сцена, како да дојдеме до поголемо искористување на меѓународната поддршка? Како нашата култура, нашето богатство од разноликости да стане конечно наш светски препознатлив извозен продукт, а не повнатрешнето средство за создавање поделби?“, истакна Алаѓозовски.

Презентацијата се однесуваше и за текот на јавните расправи, предлозите на засегнатите страни и процесот за експертска анализа и усогласување на нацрт-текстот на стратегијата

Проектот за создавање нацрт-програмата и стратегијата за култура е поддржан и од Фондацијата „Отворено општество“, за што се обрати Славица Инџевска, програмски директор во фондацијата, потоа Јетон Красниќи, заменик-директор на Проектот за граѓанско учество на УСАИД, Јасмина Мазгалиева, претседател на КУЛТ Транзен, Јане Чаловски, претседател на ЈАДРО – презентација за текот на јавните расправи, предлозите на засегнатите страни и процесот за експертска анализа и усогласување на нацрт-текстот на стратегијата

Посебниот советник во Министерството за култура, Златко Теодосиевски, говореше за клучните аспекти на стратегијата и акцискиот план, предлози на засегнатите страни што беа усвоени низ процесот.

За пишување на конечната верзија на нацрт-програмата за култура беа одржани дестина дебати, а беа посетени речиси сите градови низ Македонија и сослушани предлозите на локалните културни менаџери и културни работници.

Сите се согласни дека деметрополизацијата и дисперзирање на културата на локално ниво и нејзина институционална поддршка е најзначајниот исчекор во создавање рамноправен однос и оправдана „култура за сите“, што беше основно мото на новата иницијатива на Министерството за култура. (А.В)(Makfaks)