3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На повеќе патни правци намалена видливост поради појава на магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. На повисоките и осојничави места се бележат наместа влажни коловози, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).

Намалена видливост поради појава на магла од 100 – 150 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, од 50 – 70 метри на патниот правец Неготино – Демир Капија и од 50 – 100 метри на патните правци Скопје – Катланово и Скопје – Миладиновци.

На магистралниот пат А2 патен правец Кичево – Охрид (Пресека – Песочан) од 21 декември годинава воведена е времена измена на сообраќај со девијации (преминување од една коловозна лента во друга) за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Спонзорирано: