19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Божин Павловски добитник на меѓународната награда „Арка“

Познатиот македонски писател Божин Павловски е добитник на меѓународната награда „Арка“ за романот „Америка, Америка“, кој годинава излезе од печат во издание на истоимената издавачка куќа од Смедерово, во превод на д-р Љиљана Стеиќ.

Во образложението на меѓународното жири, предводено од академик Елка Његолова, се истакнува дека Божин Павловски е еден од најистакнатите македонски писатели – автор на деветнаесет високо вреднувани романи од критиката и наградувани со национални и меѓународни признанија. Романот „Америка, Америка“ е негов најамбициозен книжевен проект. Во ова дело на маестрален начин е опфатен крајот на дваесеттиот век и падот на комунизмот, како и времето на рушењето на Берлинскиот ѕид и распаѓањето на Југословенската федерација. Дејствието се одвива во Америка, во ресторанот „Нова Европа“ во градот Детроит, кој е сврталиште на емигрантите од комунистичките земји.Тоа се политички аутсајдери, кои живеат со своите заблуди и чии животни судбини завршуваат трагично.

Наградата „Арка“ е востановена во 2003 година, а досегашни добитници се истакнати балкански и европски писатели, меѓу кои Гане Тодоровски, Миодраг Павловиќ,Петре М.Андреевски, Љубомир Левчев, Томаж Шаламун, Влада Урошевиќ, Љубомир Симовиќ и др.

Спонзорирано: