5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Меси шеташе по теренот и го „растури“ Реал

Лионел Меси ја режира големата победа на Барселона над Реал во Мадрид 3:0, во последното Ел Класико, а според статистиката, тој не го ниту испотил дресот.

Анализата на шпанските медиуми покажува дека тој на „Сантијаго Бернабеу“ 83,1 отсто од натпреварот буквално шетал по теренот, а трчкал по теренот 10,8 отсто.

Меси само 4,85 отсто од натпреварот трчал во побрз ритам, а во максимална брзина која изнесувала 33,5 километри на час бил само 1,15 отсто од мечот.

Меѓутоа, и во таков лесен ритам тој постигна гол и забележа една асистенција во веројатно најзначајниот натпревар за Барселона во борба за шампионската титула.

Покрај Меси, стрелци за Барселона во Мадрид беа Лусис Суарез и Алеш Видал. По 17 натпревари во првенството Барселона има 17 бода повеќе од Реал.