10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Судот ги одложува рочиштата на Заев, а експресно работи против луѓе од опозицијата

Десетици учесници во настаните од 27 април, уметници и пратеници неосновано се ставени во притвор, додека премиерот е целосно недопирлив за правосудните органи, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Притисокот не запира кај органите за прогон и пресудување, туку продолжува и во установите за притвор. Притворените се изложени на нехуман однос, престојуваат во ќелии со температури под нулата, полни со мувла и со неисправни прозорци во сред декември.

Презумпцијата на невиност овде е непознат поим. Правата на луѓето во истрага, неоткриена категорија.

Прогонот кој се врши е невиден за демократска Европа. Човековите права гарантирани со Европската конвенција за човекови права се кршат на секој чекор. СДСМ ги зароби институциите. На удар е секој граѓанин.

Овој прогон мора да запре. Македонија мора да стане демократска држава, со цврсто загарантиран принцип на владеење на правото, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано: