12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Иванов денеска ќе им се обрати на пратениците

Претседателот Ѓорге Иванов денеска (26 декември) напладне ќе има свое обраќање пред пратениците во Собранието. Датумот и времето Иванов ги побарал од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„Во согласност со член 85, став 1 од Уставот на Република Македонија, би сакал да се обратам пред пратениците на Собранието на Република Македонија и да ги известам за одредени прашања од мојата надлежност“, се вели во барањето на претседателот.

Претседателот Ѓорге Иванов на крајот на годината традиционално има обраќање во Собранието пред пратениците.

Членот 85 од Уставот гласи: „Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност“.

Спонзорирано: