14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Во истражниот затвор страдаат чесни и искрени патриоти

Хунтата на власт по директива на Зоран Заев врши класична тортура, политички прогон, малтретира и затвора политички неистомисленици, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.

„На удар се чесни и искрени патриоти, чиј единствен грев е што си ја сакаат сопствената држава. Десетиците притворени македонски граѓани не се терористи туку луѓе со реноме, углед, чест, достоинство и долгогодишни кариери кои никогаш не сториле никакво дело кое се коси со законот“, истакнуваат од опозициската партија.

Како што велат оттаму, хунтата продолжува да се изживува со нив и во истражниот затвор.

Според ВМРО-ДПМНЕ, притворените се оставени на минусни температури во ќелии со мувла во коишто нема греење, а прозорците се расипани.

Од партијата бараат да му се стави крај на нечовечното постапување и да се обезбеди слобода и еднаквост за сите.

Спонзорирано: