20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Католиците и дел од православните верници слават Божик

Верниците кои се водат според Грегоријанскиот календар, денеска го одбележуваат Раѓањето Христово-Божик.

Централната прослава традиционално се оджа во Католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, каде синоќа имаше божикна полноќна литургија.

На литургијата присуствуваше претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, како и делегација на Владата предводена од заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со Бујар Османи, Едмонд Адеми и Цветанка Ласкова.

Со светата литургија чиноначалствуваше Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Апостолски Егзарх на Светата Столица во Република Македонија.

Денеска Божик слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква, кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Спонзорирано: