11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

(Видео) Автобус влета во подземен премин во Москва, четворица мртви

Четири лица загинаа кога градски автобус влета и се заби во подземен премин во западниот дел на Москва.

Несреќата се случи во близина на метро-станицата „Славјански булевар“ при што загинаа најмалку четири лица, а повеќе од десет се повредени.

Извори од полицијата соопштија дека ги истражуваат причините за несреќата.

Една од можностите е на автобусот да му откажале сопирачките, а друга е дека возачот нагло свртел поради друго возило што му го попречило патот, па автобусот завршил во подземниот премин.

Спонзорирано: