6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скромна имотна состојба на Јовески, стан од 50 квадрати и 7000 евра кеш

Новиот јавен обвинител Љубомир Јовески до Антикорупциската комисија во имотниот лист навел дека поседува стан во Скопје од 51 квадратни метри во вредност од 38.000 евра. Во банка има 7.000 евра и поседува кредитна картичка со минусно салдо од 150.000 денари. Навел дека вози „рено меган“, а поседува и „југо“ старо 20-тина години.

Инаку, Јовески е актуелен член на Советот за јавни обвинители. Дипломирал право во 1978 година со просек 6,42. Тој има 15 години искуство како судија и 12 години искуство како јавен обвинител. Пред да биде избран за јавен обвинител бил еден од десеттиината заменици на Зврлевски.

За заменик јавен обвинител на Јавното обвинителство на РМ е избран во 2003 година, а од 2009 година е избран за јавен обвинител без ограничување на траење на мандатот. Работи како судија од 1987 година, а во 1995 и 1996 година е заменик на претседателот на судот. Четири години бил и претседател на суд, како и претседател на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Спонзорирано: