19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Министерството за земјоделство плати за заостанати членарини во меѓународните организации

Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека извршиле исплата од околу 137 илјади евра по основа на заостанати долгови за претходни години за неплатени членарини во меѓународни организации за земјоделство.

Станува збор за долгови за членарини во Организацијата за храна и земјоделство при ООН (ФАО), Меѓународната организација за вино (ОИВ) и Европската и медитеранска организација за заштита на растенија (ЕППО).

„Податоците покажуваат дека претходната власт на пример за ФАО до 2012 година не плаќала ништо. Потоа следните години се плаќале минимални износи, а реалните долгови само се акумулирале. Од централата на ФАО во мај годинава пратија допис до македонското Министерство за надворешни работи со предупредување дека Македонија поради неплатената членарина ќе го изгуби правото на глас. По налог на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на почетокот на јули се платија околу 31 илјади евра, со цел да може Македонија да го задржи правото на глас во ФАО. Цели пет години не се плаќала членарината во ЕППО, а три години не била платена членарината во ОИВ“, информираат од Министерството.

Во наредниот период МЗШВ навреме ќе ги плаќа членарините во овие меѓународни институции кои се клучни за помош на развојот на македонското земјоделско производство, за креирање и регулирање мерки за меѓународна трговија на земјоделски производи, но и од кои добиваме техничка, стручна и финансиска помош.

Спонзорирано: