19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата го уапси А.К.

Вчера на граничниот премин Деве Баир на излез од Република Македонија, при пасошка контрола, А.К. (27) од Албанија бил фатен со фалсификувана патна исправа.

При контролата било констатирано дека страниците бр. 9 и 10 се од обична хартија, листови кои на прецизен и професионален начин се залепени во патната исправа. Поради сомнение дека се работи за кривично дело „фалсификување исправа“, истиот е лишен од слобода.

Спонзорирано: