6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Изложба со наслов „Чеиз“ на Јана Манева – Чупоска во галерија „Остен“

Во галеријата „Остен“ утре со почеток во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата со наслов „Чеиз“ која претставува ликовно-дизајнерски обид за креирање на современ дизајн на текстил инспириран од орнементи и везови од женската народна носија од Скопско.
Редизајнот се заснова на транспозиција помеѓу современ визуелен концепт и фолклор. Ваквите изложби се реткост на македонската ликовна и дизајнерска сцена и затоа претставуваат реаритет во овој контекст.
Комбинации од орнаменти и везови од традиционалната женска носија од Скопскиот регион со карактеристична фолклорна геометризација до редизајн со акцентиран колористичен аспект и деконструкција во однос на самата композиција.
Со крајно современ пристап на редизајн изложбата претставува современ концепт и визуелен израз на дизајн на текстил кој е наменет за текстилната индустрија за кој се очекува од нив да ја препознаат главната идеја на авторот да се создаде дизајн на текстил кој ќе овозможи поголем простор за повторно создавање на македонски бренд.
Изложбата „Чеиз“ е проект финансирана од Министерство за култура од проекти за реализирање на проекти од креативната индустрија за 2017 година. Изложбата ќе ја отвори Александар Ношпал
Спонзорирано: