20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозија пред Апелацискиот суд во Атина

Пред Апелацискиот суд во Атина ноќеска експлодирала бомба, предизвикувајќи помала штета, а медиумите објавија дека при експлозијата никој не бил повреден.
Експлозијата одекнала во 2 часот и 50 минути по локално време, изјавија полициските претставници.
Полицијата го обезбеди месото на експлозијата, а пред судската зграда била пронајдена торба во која имало експлозив.
Два грчки медиуми, еден дневен весник и еден портал добиле предупредување пред експлозијата.
Портпаролот на полицијата, Теодорсо Хронопулос, рече дека обезбедувањето на судот забележало двајца мажи кои ја оставиле торбата пред зградата.
„Ваков вид на напад обично има симболично значење“, изјави тој за државната телевизија, не сакајќи да коментира за можниот мотив за нападот.
Досега, никој не ја презеде одговорноста за експлозијата што одекна само неколку часа откако парламентот ги одобри мерките против демонстрантите, кои редовно се собираа пред судот во обид да ја попречат неделната аукција на недвижнини кои биле под хипотека.