13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Јавното обвинителство наместо по закон работи по насоките на хунтата

Делото тероризам кое им се става на товар на десетиците македонски патриоти е политичка конструкција. Целиот случај за наводен тероризам е монтиран за потребите на хунтата. Јавното обвинителство наместо по закон работи по насоките на хунтата, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека делото кое им се става на товар на десетици македонски патриоти, меѓу кои актери, уметници, режисери, архитекти, лекари и луѓе од разни професии е апсурдно.
„Дејствијата кои ги превзема Јавното обвинителство се дотолку нелогични и неаргументирани. Не е исполнет ниту еден услов за побарување на мерката притвор според член 184 од Законот за кривична постапка, за луѓето на кои не по закон, туку по наредба на хунтата се наоѓаат во затвор. Неправедно притворените ниту се криеја, ниту се впуштија во бегство. Тие 8 месеци твореа и ги извршуваа своите секојдневни активности“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата повторно побараа безусловно запирање на, како што велат, сите овие процеси на политички прогон, итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС и итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.
Спонзорирано: