5.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Велешкиот театар со награди за најдобрите вработени

За посебен работен ангажман во остварувањето на годишната програма на велешкиот театар ќе бидат доделени награди за актер, актерка и сценски работник.
Управата на НУЦК Театар „Јордан Х.К-Џинот“ – Велес ќе ги награди најдобрите вработени од уметничкиот и техничкиот персонал на театарот кои дале посебен придонес за квалитетот на театарските продукции од програмата за 2017 година и претставите од репертоарот на театарот.
Наградите се состојат од статуе0тка, плакета и паричен износ и тие ќе бидат доделени в сабота, 23 декември, во 20 часот. Во чест на добитниците театарот ќе ја изведе претставата „Вдовицата се мажи“, во режија на Младен Крстевски.