17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Над 600 уметници и здруженија до Град Скопје пријавиле проекти од областа на културата

Град Скопје информира дека на јавниот повик за финансирање проекти и активности од областа на културата за  2018 година, кој заврши на 18 декември, е евидентиран огромен интерес и пристигнати се рекорден број пријави во споредба со изминатите години. На годинашниов повик се пристигнати над 600 пријави, што во споредба со ланскиот повик, на кој пристигнаа 220 пријави, претставува трикратно зголемување на интересот.

На јавниот повик имаа право да учествуваат уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Македонија.

Со оглед на големиот број пристигнати пријави, кои во наредните денови ќе бидат разгледувани од надлежната комисија, резултатите од јавниот повик ќе бидат познати по новогодишните празници и ќе бидат објавени во „Службениот гласник на Град Скопје“ и на официјалниот веб-портал на Град Скопје, со објавување на програмата за финасирање програми и проекти од областа на културата од интерес на Град Скопје за 2018 година.

Спонзорирано: