Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја започнува тридневната посета во Русија за време на која ќе оствари средба и со претседателот на земјата, Владимир Путин.
Вучиќ состанокот со Путин го означи како голем и исклучително важен.
Темите на кои ќе се зборува не се официјално најавени, а по испораката на шесте авиони од типот „миг“, очекувано е унапредувањето на воената соработка да биде високо на агендата на разговорите помеѓу двајцата претседатели.
Во делегацијата што ја предводи Вучиќ ќе биде и министерот за одбрана, Александар Вулин, министерот за економија, Горан Кнежевиќ, и за технолошки иновации, Ненад Поповиќ.
Претходно, Вучиќ и Путин се сретнаа во Кремљ во март, а Вучиќ сè уште беше во функција на претседател на владата на Србија.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...