3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Демократски сојуз: Неопходна е стратегија за намалување на загадувањето

Демократскиот сојуз смета дека е неопходна стратегија за намалување на загадувањето на воздухот во која ќе бидат дефинирани краткорочни и долгорочни мерки. Во таа насока од партијата испратиле предлог во Владата да формира експертски тим кој ќе ја подготви стратегијата и ќе предложи измени во законите.
„Гасификацијата, користењето обновливи извори на енергија за затоплување, како и ригорозните мерки кон потенцијалните загадувачите (индустриски и други капацитети) се само дел од мерките што деновиве се предлагаат. Врз основа на научни студии Градот Скопје и општините да подготват конкретни програми за намалување на загадувањето на воздухот (урбани решенија со кои не се попречуваат ветровите, зелени површини, такси-возила на електричен погон, бесплатен јавен превоз, исфрлање цврсти енергенти за затоплување, забрана за користење машинско масло за затоплување и др.). Научните студии, стратегијата и програмите за намалување на загадувањето, како и долгорочните решенија, треба да се подготват во најкус можен рок и паралелно да се преземаат и краткорочни мерки“, побара Демократскиот сојуз.
Велат дека плановите за почист воздух треба да се подготвуваат тогаш кога е ветровито, а воздухот чист.
Спонзорирано: