20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

На коловозите остатоци од кашест снег, АМСМ апелира за внимателно возење

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно влажни коловози, а во западнитот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Снег со слаб интензитет навејува кај Крива Паланка, Страцин и Делчево, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.