Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Возот кој излета во САД се движел со брзина двапати поголема од дозволената

Патничкиот воз кој вчера излета од пруга додека преминувал преку надвозник во сојузната држава Вашингтон, возел со брзина двапати поголема од дозволената, покажа истрагата. Во железничката несреќа животот го загубија три, а стотина лица беа повредени, објавија федералните истражители.
Податоците од „црната кутија“ пронајдена на местото на несреќата покажуваат дека возот возел со брзина од 129 километри на час во зона ограничена на 48 километри на час, рече Бела Дин-Зар од Националниот совет за безбедност во сообраќајот.
Таа рече дека е премногу рано да се каже зошто возот на „Амтрак“ ја надминал дозволената брзина.
Возот сообраќал на релација Сиетл – Портланд, а 13 вагони излетале од шините додека минувал преку надвозник над автопат. Неколку вагони завршиле од двете страни на пругата, од кои еден и врз возила што се движеле по автопатот. Сите загинати биле патници во возот.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

Внимавајте: Зa една година измамени 43 граѓани со брзи кредити

Десетици измамени граѓани се соочиле да плаќаат рати од туѓи подигнати брзи кредити. Само во 2022 година евидентирани се 43 случаи на измами со брзи кредити, велат од МВР за… Повеќе

Се стега обрачот околу скапите брзи кредити: Со нов закон нема да смеат да се наплаќаат астрономски камати и провизии

Во тек е процесот за носење на законските измени со кои максималната камата нема да смее да го надминува. Тоа значи доколку некој граѓанин зел 10.000 денари, максимум за камати… Повеќе