14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Исламската држава се закани дека ќе праќа борци на лични адреси на американски воени лица

Членови на Исламската држава во нова заканувачка видеоснимка тврдат дека успеале да хакираат компјутери на американската војска и Стејт департментот и дека ќе испратат убијци на домашните адреси на вработените.
Според информации од британските медиуми, видеото е застрашувачко бидејќи е полно со чудни пораки, но исто така и слики. Објавено е од страницата на хакерската група на Исламската држава наречена „Исламски духови на калифатот“, кои, меѓу другото, тврдат: „Муслиманите ќе се вратат за да бидат владетели на светот и цареви на Земјата“.
Во еден момент на снимката се појавува порака на арапски и англиски јазик, која гласи: „Во состојба сме да ги хакираме сите чувствителни локации на американската војска, Министерството за внатрешни работи, Стејт департментот и други владини интернет-страници и на тој начин да добиеме многу доверливи информации“.
Исламската држава исто така тврди дека веќе испратила дел од собраните податоци до своите борци кои дејствуваат самостојно со цел да се спроведат напади.
Спонзорирано: