4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Јанева: Се надевам дека по истекот на мандатот, СЈО ќе се припои кон Јавното обвинителство

Се надеваме дека ќе бидат донесат соодветни законски решенија со кои ќе се овозможат услови по изминување на мандатот пропишан со законот, во 2020 година специјалното јавно обвинителство да се трансформира и припои кон Јавното обвинителство на Република Македонија, како самостојна институција, изјави специјалната обвинителка Катица Јанева.
Таа повтори дека законскиот мандат на специјалното јавно обвинителство не е изминат.
„Од тие причини изразуваме уверување дека во пракса ќе се превземат мерки за целосна имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор усвоена од Владата на Република Македонија и дека во најскоро време и ова Јавно обвинителство ќе постапува согласно роковите предвидени во Законот за кривична постапка и Кривичниот Законик, што е неопходно потребно и за ова Јавно обвинителство во функција на успешно остварување на неговата основна цел и мисија“, рече Јанева.
Доколку од страна на надлежните институции, рече таа, во рамки на траењето на законскиот мандат на специјалното јавно обвинителство се изнајде решение за начинот на кој ова Јавно обвинителство ќе поднесува обвиненија до судовите, верувам дека од наша страна ќе се поднесат и други обвиненија.
Јанева очекува дека и во претстојниот период од страна на судот ќе се ценат доказите поднесени во прилог на обвиненијата и дека ќе бидат потврдени и преостанатите неколку обвиненија.
Во периодот што следи, покрај тековната работа, специјалното јавно обвинителство подготвува Правилник и други акти за формирање на истражителски центар кој во целиот овој изминат период веќе неформално постои и успешно функционира во ова Јавно обвинителство, а во исто време постапувајќи согласно законската обврска се изготвува и Правилник и процедура за примена на измените на Законот за заштита на сведоци, кој е веќе во собраниска процедура.