8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Вработените на паркинзите со маски ќе се штитат од загадениот воздух

Поради високата загаденост на воздухот во Скопје, ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ обезбеди заштитни маски со филтер со цел да ги заштити вработените што се на најекспонираните работни позиции на паркинзите во општина Центар.
„Вработените на терен директно се изложени на прекумерното загадување на воздухот, што доведува до многубројни здравствени проблеми. За да ги заштитиме, обезбедивме над 70 маски со филтер кои штитат од цврсти и течни аеросоли, прашина и доломитна прашина, честички ПМ 2,5 и ПМ 10 од аерозагадување. Ова е само превентивна мерка, која ние како претпријатие можеме да ја направиме за нив“, вели Вангел Андрески, в.д. директорот на ЈП ПОЦ.
ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ ги повикува на општествена одговорност и другите комунални претпријатија за јавни паркиралишта на територија на Република Македонија.