11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Двајца тетовци добиле тешки повреди во сообраќајка

Сообраќајна несреќа се случила на регионалниот пат Тетово-Јажинце во близина на селото Слатино.
Во несреќата учевствувале патничко возило „сеат кордоба“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од К.Б. (23) од Долно Палчиште, Тетовско, и патничко возило „ауди А4“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. (32) од селото Одри, Тетовско.
Во незгодата возачот А.Ф. и двајца сопатници од возилото „ауди“ добиле тешки телесни повреди, а возачот на возилото „сеат кордоба“ и другите четири сопатници од возилото „ауди“ добиле телесни повреди.
По укажаната лекарска помош во тетовската Клиничка болница, сите повредени биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото нанастанот извршила екипа од СВР Тетово.
Спонзорирано: