19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ДОМ: Подготвен е законот за забрана на цијаниди и сулфурна киселина во рудниците

Демократската обнова за Македонија (ДОМ) подготви измени и дополнувања на Законот за минерални суровини во насока на долгорочна заштита на животната средина и здравјето на населението што живее во близина на рудниците што работат со технологии што користат опасни супстанции.
„Со оглед на големината на нашата земја, како и на фактот дека екосистемот е една целина, опасноста им се заканува на сите граѓани на Република Македонија, но и на поширокиот регион, трансгранично“, велат од ДОМ.
Појаснуваат дека предложениот закон содржи експлицитна забрана за експлоатација и преработка на минерални суровини со примена на цијаниди, сулфурна киселина и други опасни супстанции, а за таа цел дополнети се членовите 36 и 81 од постојниот Закон за минералните суровини.
ДОМ предлага и продолжување на роковите за добивање одговор во врска со барањето за концесија од надлежните институции, како и од локалната самоуправа, и тоа од 15 дена на 90 дена.
„Сметаме дека со ова ќе се овозможи пристојно време за проучување на стручните лица и информирање на јавноста, што ќе придонесе за транспарентноста на целиот процес“, велат од ДОМ.
Додаваат дека повод за законот се издадените концесии за површински копови за рудници за бакар и злато – „Казандол“ во Валандово и „Иловица“ во Босилово, кои во своите постапки користат сулфурна киселина, односно цијаниден раствор во огромни количества.
Спонзорирано: