20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Пуштена пречистителна станица за отпадни води во Струмица

Со поддршката на граѓаните на ЕУ ги исполнуваме европските стандарди за заштита на животната средина како наш врвен приоритет, изјави денеска претседателот на Владата, Зоран Заев, кој присуствуваше на пуштањето во употреба на пречистителната станица за третман на отпадни води во Струмица.

Заев во своето обраќање истакна дека со пречистителна станица Струмица станува општина со услови за поздрава и почиста животна средина.

Тој го нагласи и фактот дека Струмичкиот Регион како најголем регион за производство на раноградинарски производи со оваа еколошка инсталација, дефинитивно, се впишува на мапата со квалитетно и здраво еколошко производство на земјоделските производи.

Премиерот укажа на неколку аспекти за овој проект што ќе се реализира со помош на средства од европските фондови во рамките на оперативната програма за регионален развој, дека е завршен во рекордно време, односно за една година од почетокот на неговата реализација, како и дека го карактеризира на модерна технологија која се применува во сите земји на ЕУ. Најави и изградба на уште две пречистителни станици.

„Со големо задоволство можам да ве информирам дека во завршна фаза се уште две пречистителни станици предвидени во оперативната програма за регионален развој: Едната во Кичево, другата во Радовиш. Се очекува да бидат пуштени во функција најдоцна во првата половина од 2018 година. Во тек е изградба на пречистителна станица за отпадни води во општина Прилеп, проект финансиран од ИПА, кој се очекува да заврши во мај в година. Владата на Република Македонија заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на програмскиот период 2014-2020 (ИПА2) планира да реализира проекти за пречистителни станици во Битола и Тетово. Истовремено, се работи на подготовка на проектна и тендерска документација на проекти за пречистителни станици и во градовите Штип и Велес“, рече Заев.

Додаде дека Македонија цели да ги исполни европските стандарди за заштита на животната средина како врвен приоритет и придобивка за здравјето и квалитетот на живот на граѓаните, а пречистителната станица за отпадни води е еден чекор кон исполнување на таа цел.

Заев беше придружуван од министерот за финансии, Драган Тевдовски, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку, и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули,.

Министрите за финансии и животна средина, Тевдовски и Дураку, во своите обраќања ја потенцираа важноста на помошта и поддршката што Европската Унија ѝ ги дава на Македонија во реализацијата на проекти важни за достигнување на европските стандарди за унапредување на квалитетот на животната средина.