14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тежок инцидент во Скопје – крвнички претепани две момчиња

Две момчиња се повредени кога биле претепани во возило на паркинг во Скопје кога непознати лица ги отвориле вратите на возилото и физички ги нападнале.
Случајот вчера во полиција во Ѓорче Петров го пријавил А.М. (22), кој посочил дека дента околу 13.30 часот додека бил во возило на паркинг-простор на улицата Есперанто заедно со 16-годишниот другар се доближила поголема група од лица што им ги отвориле вратите од возилото и физички ги нападнале удирајќи ги со боксови и со нозете во пределот на лицето и по телото.
Од извршениот физички напад двајцата добиле видливи повреди во вид на црвенило и оток на лицето и телото.
Се работи на целосно расчистување на случајот.