3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Пратеничка во албанскиот парламент со чевел нишанеше кон Рама

Пратеничката на Движењето на социјалистите за интеграции, Моника Кријемади, се обиде да го погоди со чевел премиерот Еди Рама, за време на бурната расправа која му претходеше на гласањето за нов државен обвинител на Албанија, јавуваат тиранските медиуми.

Рама од чевелот го заштити обезбедувањето со помош на чадор, слично како кога претходно во неколку наврати го заштити и претседателот на парламентот, Илир Мета, кого опозициските пратеници го гаѓаа со хартии.

Пратениците на опозицијата активираа неколку димни бомби во собраниската сала, а за време на седницата полицијата се судри со демонстранти насобрани пред зградата на парламентот во центарот на Тирана.

Арта Марку беше избрана за привремен државен обвинител со 69 гласови од владејачката Социјалистичка партија.

Двајца пратеници се спротивставија на ваквата одлука, двајца се воздржаа од гласање, а членовите на опозицијата го бојкотираа гласањето.

„Ова е почеток на народно востание“, рече лидерот на најголемата опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша.

Спонзорирано: