4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Грција – Телохранителот на поранешниот грчки премиер го ликвидирал негово семејство и потоа се самоубил

Полицаецот прво ја убил својата ќерка, потоа сопругата и на крај нејзината мајка, а потоа се застрелал. Трагедијата се случила во северното предградие на Атина Анаргири. Детето имало само три ипол години,јави Локално.мк.

Според официјалното соопштение на грчката полиција, 43-годишниот офицер го користел службениот пиштол. Тој бил и официјален обезбедувач и на Парламентот во центарот на Атина.

Тој беше нормален човек, кој никогаш не даваше повод за сомнеж, велат колегите кои се зачудени од криминалниот чин. Полицаецот бил активен офицер, на возраст од околу 43 години. Имал чин, наредник, кој служел и како униформиран чувар на резиденцијата Максимус, а последните години бил телогранител на поранешниот премиер Костас Симитис. Дури и последните денови работел нормално и викендов дури го придружувал Костас Симитис во Јанина. Тој се вратил пред неколку часа во Атина, денеска и утре имал слободни денови. Никој од колегите и пријателите сè уште не може да веруваат дека се случила трагедија.