18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
UncategorizedМАКЕДОНИЈА

Тажна вест: почина познатиот македонски новинар

Почина најстариот македонски автомобилски новинар и основач на ревијата „Авто Плус“, Томислав Биљарац – Томби.
Тој важи за доајен на македонското автомобилско новинарство, кој над 40 години бил активен во радио програми, новински изданија, магазини и ревии посветени на автомобилската индустрија.
Неговата кариера започнала во Радио Скопје, во рубриката за сообраќај, а потоа повеќе децении работел како главен и одговорен уредник на изданието „Современ возач“.
Тој бил и член на жирито за избор на Автомобил на годината на Југославија, а особено е познат како творец и сопственик на првата „авто-мото“ ревија во независна Македонија – „Авто Плус“.
Биљарац бил иницијатор и основач на жирито за избор на Автомобил на годината во Македонија и важи за еден од поставувачите на темелите на салонската манифестација „Авто Експо“ која долги години се одржуваше на Скопскиот саем.
За својата посветена работа Томислав Биљарац – Томби бил добитник на многу признанија и награди како на просторите на некогашна Југославија, така и во независна Македонија.
Последна почит роднините и пријателите ќе му оддадат утре (вторник) на градските гробишта Бутел, а колегите и соработниците ќе оддржат кратка комеморација во амфитеатарот во АМСМ, со почеток во 13 часот.
Спонзорирано: