17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Тојота“ најави десет модели на електрични автомобили

Јапонската компанија „Тојота“ соопшти дека ќе понуди повеќе од десет модели на електрични автомобили на почетокот на следната деценија.
„Тојота“ е светски лидер по производство на модели со хибриден погон, со комбинација на електромотори и мотори со внатрешно согорување, но во понудата сè уште нема автомобили само на електричен погон.
Потпретседателот на „Тојота“, Шигеки Тераши, рече дека компанијата најпрво ќе ги понуди електричните автомобили во Кина, која со субвенции и други мерки го стимулира нивното користење, а потоа ќе ги продава во Јапонија, Индија, САД и Европа.
Компанијата навела дека до 2025 година секој модел на „Тојота“ ќе има и хибридна и електроверзија. „Тојота“ продава по десет милиони возила годишно ширум светот.