9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Седум ректори потпишаа декларација за универзитет без корупција

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска од страна на ректорите на седум јавни универзитети во Република Македонија беше потпишана декларацијата за универзитет без корупција. Со декларацијата ректорите се обврзаа на спроведување на Законот за заштита на укажувачите и генералната превенција на корупцијата на универзитетите.
Покрај ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, и претседателот на Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ, проф. д-р Мишо Докмановиќ  на настанот се обрати и министерката за образование и наука на РМ, д-р Рената Дескоска, и заменик-амбасадорката на САД, Михаела Шварцер Блум. Министерката Дескоска го искористи настанот и на ректорите им го достави и новиот предлог-закон за високо образование.
Овој настан беше организиран од Институтот за стратешки истражувања и едукација – ИСИЕ со поддршка на Амбасадата на САД во РМ.
Спонзорирано: