Против 61-годишен кумановец (П.Ј.) поднесена е кривична пријава кога било пријавено дека зел два литра бензин, отишол во куќата на својот сосед Т.К., со кого претходно имал физичка пресметка, по што со бензин ги испрскал влезните врати од куќата и ги запалил, а потоа го испрскал и возилото „југо“ во пределот на хаубата и го запалил.
Против него е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело предизвикување општа опасност.
Се работи на расчистување на случајот.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...