8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

САД ставија вето на нацрт-резолуцијата за Ерусалим во СБ на ОН

САД ставиja вето на нацрт-резолуцијата на Советот на безбедност на ОН со која се бара повлекување на неодамнешната одлука на американскиот претседател, Доналд Трамп, да го прогласи Ерусалим за главен град на Израел.
Ова го соопшти амбасадорката на САД, Ники Хејли, а таквото сценарио претходно беше најавено и од нејзиниот израелски колега, Дени Денон.
Во текстот на резолуцијата, подготвен од страна на Египет, се изразува „длабоко жалење поради неодамнешните одлуки во врска со статусот на Ерусалим“, иако во него не се спомнуваат САД, ниту пак американскиот претседател, Доналд Трамп.
Според дипломатски извори, предлог-резолуцијата има широка поддршка меѓу 15-те членки на Советот за безбедност и според нив, иако резолуцијата не е донесена, ова гласање дополнително ја изолира одлуката на Трамп.
Во нацртот се истакнува дека секоја одлука или акција за промена на карактерот, статусот и демографскиот состав на Светиот Град Ерусалим нема правно дејство и ќе биде ништовна и неважечка и мора да биде отфрлена во согласност со релевантните резолуции на Советот за безбедност.
Исто така, во нацрт-резолуцијата се повикаат сите земји да се воздржат од воспоставување дипломатски мисии во Ерусалим.