12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Во Швајцарија пуштена во употреба најстрмната пруга во светот

Во Швајцарија е отворена за јавна употреба најстрмната пруга за искачување.

Нејзините лифтови се состојат од специјално конструирани цилиндрични вагони кои им овозможуваат на патниците да останат во исправена положба додека се возат. Исто така, висината на подот може да се прилагоди со цел да се адаптира на растот на патниците. Пругата за искачување се протега во должина од 750 метри и ги пренесува патниците од градот Швиц до алпското село Стоус. Притоа, најголемата стрмнина на пругата изнесува речиси 111 проценти.

Изградбата на т.н. „Стоус бан“ траела цели 14 години, односно две години подолго од планираното. Трошоците за градење изнесувале 52 милиони швајцарски франци. Портпаролот на железницата, Иван Штајнер, рече дека сите се горди на завршувањето на проектот. Тој додаде дека патувањето по најстрмната пруга на светот трае само четири минути.

Спонзорирано: