Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Најмалку шестмина загинати откако воз излетал од надвозник во Сиетл

Во железничка несреќа што се случила недалеку од Сиетл, воз излетал од надвозник, при што има извештаи за мртви и повредени лица. Најмалку 77 лица биле транспортирани во болница.
Возот на американската железничка компанија „Амтрак“ излетал од надвозник, јужно од Сиетл и завршил на автопат.
Според информациите од локалните власти, има жртви и повредени.
Медиуми од Сиетл соопштија дека досега е потврдено дека најмалку шест лица загинале во оваа несреќа.
Поради незгодата, сите патишта се блокирани на автопатот кон Вашингтон.
На социјалните мрежи веќе се појавија слики од излетаниот воз, а до возачите се апелира да ја избегнуваат оваа област.
Возот наводно се движел со 130 километри на час, а во него имали најмалку 75 патници.

Можеби ќе ве интересира…

Колку мандарини можете да јадете дневно без да го загрозите вашето здравје?

Мандарините се богати со многу витамини, ја поттикнуваат работата на мозокот и се препознаваат по пријатниот мирис и вкус. Сепак, како и со се, мора да бидеме внимателни со нив… Прочитај повеќе

Вкусно и едноставно јадење: Телешки гулаш

Телешкиот гулаш е јадење на кое ретко кој може да одолее. Вкусно и фино јадење со ориз, тестенини или компири е совршениот ручек. Состојки за четири лица: 1 кг телешко… Прочитај повеќе

АНАЛИЗА: Се очекува пад на цените на становите низ Скопје и внатрешноста на Македонија

Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува. Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на… Повеќе

Граѓаните бараат посилна регулација на брзите кеш кредити

Две третини од испитаниците или 65,3 отсто изјавиле дека државата треба дополнително да ги регулира условите и начините за земање на брзи кеш кредити, додека 16,7 проценти сметаат дека за… Повеќе