9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Данев: Судиите да судат чесно и човечно, а не според политички одлуки

Претставници и симпатизери на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ денеска одржаа протест пред истражниот затвор во Шуто Оризари, каде што уште еднаш побараа ослободување на притворените, осомничени за насилствата во Собранието од 27 април.
Пред присутните се обрати пратеникот Драган Данев, кој им порача на судиите да не судат според политички инструирани одлуки.
„За седум дена нашите судии пак ќе одлучуваат за правдата, односно за слободата на нашите браќа и сестри кои сега се на другата страна од оваа ограда. Јас ги замолувам, од моето лично име и од името на сите нас, на сите чесни и искрени граѓани на Република Македонија, да судат човечно, да одлучуваат по правда, а не по политички инструирани одлуки донесени некаде надвор од судовите“, изјави Данев.
Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека протестите ќе продолжат и утре со почеток од 18:00 часот пред Министерството за правда.
Спонзорирано: